1coin
Обновено во 19:30

gold mining
СОЗДАВАЊЕ СО РУДАРЕЊЕ
ФИЗИЧКO
Злато

ЗЛАТО (KG)

1KG=139,290USD

Тековна количина (на 31.12.2025):

219,891,000

Вкупната количина е ограничена од природата*(проценка):

274,661,000
fiat mining
СОЗДАВАЊЕ СО ИЗДАВАЊЕ НА КРЕДИТ
ФИЗИЧКO | ДИГИТАЛНО
Фиат

АМЕРИКАНСКИ ДОЛАР (USD)

1USD=1USD

Тековна количина (на 31.05.2026):

23,052,300,000,000

Вкупната количина е неограничена и контролирана од луѓе.

crypto mining
СОЗДАВАЊЕ СО РУДАРЕЊЕ
ДИГИТАЛНО
Биткоин

БИТКОИН (BTC)

1BTC=63,036USD

Тековна количина (во 19:30 часот):

20,069,746.875

Вкупната количина е ограничена од компјутерска програма:

21,000,000
📌 Довербата е важна!

Парите се систем на доверба со најважна функција – да ја зачуваат и пренесат куповната моќ. Кога се создаваат премногу пари без соодветен пораст на стоките и услугите, нивната вредност опаѓа (инфлација).

💳 МЕКА ПАРА

Тоа се денешните – банкноти, монети, дебитни и кредитни картички што ги користиме секојдневно во оптек. Овие пари лесно се создаваат од страна на централните банки(банкноти и монети) и приватните банки (дебитни и кредитни картички) кога издаваат кредити и зависат исклучиво од довербата во нив. Поради неограничена понуда на меки пари, тие се по природа инфлаторни и со време ја губат својата вредност во зависност од промената на нивното количеството.

🪙 ТВРДА ПАРА

Примери: злато и биткоин. Имаат ограничена понуда и тешко се создаваат, па подобро ја зачувуваат куповната моќ низ времето. Златото не поскапува само по себе – вредноста на меките пари се намалува, па изгледа како златото да поскапува.

📈 Историските податоци покажуваат дека со раст на количеството на меки пари, нивната куповна моќ опаѓа во споредба со златото – традиционалната форма на тврди пари што ја користеле нашите предци. Истите се и денес достапни но под името инвестициско злато (монети и плочки).


📈 Историски раст и вредност на парите

Споредба на просечниот годишен раст на количината на пари и нивното намалување на вредноста во однос на златото.

ПАРА ГОДИШЕН РАСТ на количината на пари ГУБЕЊЕ ВРЕДНОСТ годишно, во однос на златото ДЕТАЛИ
ЗЛАТО
+ 1.48% годишно 0.00% годишно
ШВАЈЦАРСКИ ФРАНК
+ 4.16% годишно 3.32% годишно
ЈАПОНСКИ ЈЕН
+ 5.95% годишно 6.76% годишно
ЕВРО
+ 6.07% годишно 4.48% годишно
ШВЕДСКА КРУНА
+ 6.50% годишно 9.49% годишно
АМЕРИКАНСКИ ДОЛАР
+ 6.73% годишно 6.82% годишно
АЛБАНСКИ ЛЕК
+ 7.03% годишно 7.83% годишно
БРИТАНСКА ФУНТА
+ 7.79% годишно 5.87% годишно
КАНАДСКИ ДОЛАР
+ 8.28% годишно 8.83% годишно
БОСАНСКА МАРКА
+ 8.30% годишно 9.41% годишно
МАКЕДОНСКИ ДЕНАР
+ 9.98% годишно 9.51% годишно
КИНЕСКИ ЈУАН
+ 14.48% годишно 6.67% годишно
СРБСКИ ДИНАР
+ 14.51% годишно 10.91% годишно
Како да се чита табелата? Годишниот раст покажува колку просечно се зголемувала количината на пари, а губењето вредност покажува колку парите просечно губеле куповна моќ во однос на златото.

📺 Најголемата тајна во историјата на човештвото


📌 Довербата е избор!

Промената на количеството пари влијае врз нивната вредност.

© 2026 1para.org
„Слобода - осознавање дека имаш избор!“