Потрошувачка кошничка

потрошувачка кошница



📌 Довербата е важна!

На два графици е прикажано колку чини потрошувачката кошница во Македонија изразено во денари, и колку истата кошница би чинела ако плаќаме со злато (во грамови злато). Потрошувачка кошница(ПК) е збир од типични стоки и услуги што ги купува едно просечно домаќинство, и се користи за мерење на трошоците за живот и намалување на вредноста на фиат парите (инфлација). Кога се менува цената на кошницата, тоа ни кажува колку се покачуваат или паѓаат цените во земјата.

Зошто ја споредуваме со злато?

Златото(парите на нашите предци) се смета за стабилна вредност која не се менува многу со времето поради малата промена на вкупното количеството злато во светот. Кога ја споредуваме кошницата во денари со нејзината вредност во грамови злато, можеме да видиме дали денарот изгубил вредност – односно дали за истото количество злато денес можеме да купиме повеќе или помалку од претходно. Првиот график го покажува периодот од 2004 до 2010 година, според старата метода на пресметување. Вториот график е за периодот од 2011 до денес, според новата метода.

Ова е еден начин полесно да разбереме како промената на количеството пари влијае на промените во цените кои влијаат на нашето секојдневие.

📌 Довербата е избор!
ПРОМЕНАТА НА КОЛИЧЕСТВОТО ПАРИ ВЛИЈАЕ ВРЗ НИВНАТА ВРЕДНОСТ.
© 2026 1para.org
„Слобода - осознавање дека имаш избор!“