Парите се, во суштина, систем на доверба,
со нивната најважна функција да ја зачуваат и пренесат куповната моќ.
1coin

Довербата е важна!

Зошто е сè поскапено во продавниците?
(Зошто моите пари имаат помала куповната моќ?)

За намалувањето на куповната моќ на парите (инфлацијата), вообичаено осомничено е прекумерното создавање пари кое најчесто води до инфлација со зголемување на паричната маса без соодветен пораст на стоките и услугите. За да го провериме тоа, прво, ќе направиме споредба на пари од различна форма, односно физички пари (на пр., злато); фиат пари (на пр., долар, денар) и дигитални пари (на пр., биткоин); потоа, ќе провериме како се контролира создавањето пари кај секој од нив и како влијае врз нивната куповна моќ со текот на времето и накрај, ќе ја вреднуваме потрошувачката кошница со секоја форма на пари.

Споредба на парите

1 трилион = 1 000 000 000 000

ЕДИНИЦА МЕРКА /
СОЗДАВАЊЕ
МОМЕНТАЛНА КОЛИЧИНА /
ФОРМА
МАКС. КОЛИЧИНА /
ДОВЕРБА ВО
Gold
ЗЛАТО
ГРАМ /
ФИЗИЧКО
РУДАРЕЊЕ
0.21
ТРИЛИОН /
ФИЗИЧКА
0.27
ТРИЛИОН /
ПРИРОДА
Dollar
ДОЛАР
ЦЕНТ /
ИЗДАВАЊЕ
КРЕДИТ
2153
ТРИЛИОН /
ДИГИТАЛНА
ФИЗИЧКА
НЕ /
ЛУЃЕ
(БАНКИ)
Denar
ДЕНАР
ДЕНАР /
ИЗДАВАЊЕ
КРЕДИТ
0.515
ТРИЛИОН /
ДИГИТАЛНА
ФИЗИЧКА
НЕ /
ЛУЃЕ
(БАНКИ)
Bitcoin
БИТКОИН
САТОШИ /
ДИГИТАЛНО
РУДАРЕЊЕ
1982
ТРИЛИОН /
ДИГИТАЛНА
2100
ТРИЛИОН /
КОМПЈ.
ПРОГРАМА

Контролирањето на создавањето злато е преку природната реткост поради неговата ограничена количина на Земјата. Во однос на фиат парите (на пр., долар, денар) станува збор за вештачка реткост контролирана од централните банки преку монетарната политика и приватните банки преку кредитирањето, додека дигиталната пара Биткоин има апсолутна реткост, ограничена на 21 милион монети преку неговата децентрализирана компјутерска програма.

ПРОМЕНАТА НА КОЛИЧЕСТВОТО ПАРИ ВЛИЈАЕ ВРЗ НИВНАТА ВРЕДНОСТ

ПЕРИОД
ЗЛАТО
ДОЛАР
ДЕНАР
ЦЕНА
НА ЗЛАТО
1903-2024
+493%
1959-2024
+185%
+7414%
+7383%
ВО ДОЛАР
2003-2024
+46%
+729%
+641%
ВО ДЕНАР

Во горната табела е прикажано влијанието на промената на паричната маса врз куповната моќ каде што, на пр., за 121 година количеството злато е зголемено за 5 пати, а за 21 година количеството фиат пари во Македонија е зголемено за 7 пати - токму затоа нивната куповна моќ е соодветно намалена.

ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЦА Е ПОЕВТИНА СО ПАРИ ШТО НЕ ГУБАТ ВРЕДНОСТ

ПЕРИОД
ЗЛАТО
ДОЛАР
ДЕНАР
БИТКОИН
2004-2010
-60.19%
+32.11%
+26.73%
2011-2024
-8.76%
+69.34%
+115.28%
-99.99%

Во табелата е прикажано како потрошувачката кошница, креирана според старата методологија изразена во злато за период од 6 години, поевтинила за 60 проценти, а истата изразена во долари и денари поскапела. Исто така, за период од 13 години потрошувачката кошница, креирана според новата методологија изразена во злато и биткоин, поевтинила, односно изразена во денари и долари - поскапела.

Од претходно наведеното, може да се заклучи дека главна причина за намалувањето на куповната моќ на фиат парите е преголемото кредитирање (создавање нови пари) од страна на приватниот банкарски сектор.

потрошувачка кошница

Поставете си едно прашање:

Во што имам доверба?

Довербата е избор!

© 2026 1para.org
„Слобода - осознавање дека имаш избор!“