Додека повеќето луѓе секојдневно користат пари, многумина вложуваат големи напори за да ги стекнат. Сепак, и покрај централната улога што ја имаат парите во нашиот живот, многу малку се размислува во однос на тоа што претставуваат парите, како се создаваат, како влијае нивниот дизајн врз нашата економија или дали може да се подобри монетарниот систем ?
Парите може да ги дефинираме преку основните функции кои ги вршат [1,11]. Парите треба да ги исполнуваат следниве три основни функции:
Во однос на физичката форма на парите, таа се менувала низ времето во различни делови на светот и вклучувала предмети, дрвени стапови за пресметување, глинени плочки, добиток, како и различни форми на скапоцени метали златото и среброто.
Денес, парите го имаат обликот на таканаречени фиат-пари – чијашто вредност произлегува од државните регулативи и закони, наместо од која било физичка стока. Денешниот монетарен систем е заснован на пари што се базираат на долг(заем).
Слика 1: Илустрација на креирање на пари
Пример. На Сликата 1 е прикажано како се креираат првите пари при земање кредит или заем. При првиот кредит клиентот зема заем од 1.000 денари што треба да ѝ го врати на банката за една година со камата од 5 %, односно 1.050 денари. Имено, со ова се креирани првите 1.000 денари. Потоа, следува вториот заем, па третиот заем, или вкупно 3.000 денари во економијата.
Слика 2: Илустрација на непостоечка камата
Проблемот се состои во следново: парите што се потребни за да се плати каматата на овие заеми ги нема во економијата, односно друг треба да се задолжи за да се плати каматата - Слика 2. Ова е еден од основните проблеми на тековниот систем што е основа за многу несакани последици во економијата и општеството - инфлација, нееднаква распределеност на богатството, еколошки последици, задолженост на државата и други последици [4, 7, 8].
Во Македонија денес, постојат следниве три форми на пари:
Циркулацијата на денарите во Македонија се одвива во двослоен монетарен економски систем [1]- Слика 3, што е инсталиран после воениот конфликтот од 2001 година (преходно бил еднослоен - податоци за новиот систем имаме од јануари 2003 година), како што е прикажано на сликата подолу.
Јавната циркулација на денарот се одвива преку комерцијалните банки што се одговорни за издавање заеми-кредити, односно креирање нови пари (банкарски депозити) во системот. Меѓубанкарската циркулација на денари се одвива во централната банка - НБРМ преку платежните системи: МИПС (сопственост на НБРМ) и КИБС (сопственост на комерцијалните банки).
Слика 3: Илустрација на двослоен монетарен економски систем
На следната Слика 4 е прикажана вкупната парична маса на денари (М2-денари) за периодот од јануари 2003 до август 2024 [10]. Податоците за парична маса M2-денари се земени од интернет страницата на НБРМ[10].
Слика 4: Парична маса М2-денари
Слика 5: Споредба на парична маса М2-денари
Во периодот од јануари 2003 година до август 2024 година - Слика 5 , се зголемило количеството новокреирани дигитални пари - банкарски депозити (М2-денари) од страна на комерцијалните банки што опфаќа 81 % од вкупната парична маса во денари. Во август 2024 година, 81 процент од денарите во економијата се креирани од страна нљ комерцијалните банки, а само 19 проценти од страна на Централната банка, од кои 6 отсто банкарски резерви (дигитални пари) и 13 отсто готовина (банкноти и монети).
Слика 6: Тип на пари во јавната економија
Денес, 86 проценти од парите во јавната економијата се креирани од комерцијалните банки а само 14 отсто се готовина креирани од страна на НБРМ - Слика 6. Во периодот од 20 години креирани се дополнително околу 5 милјарди евра(денари изразени во евра) од страна на комерцијалните банки и тој број постојано расте. Бројот на креирани дигитални и физички пари од страна на Централната банка исто така е зголемен во истиот период за околу 1 милијарда евра.
Во рамките на следнава Слика 7 е претставен капиталот по земји во македонските комерцијални банки (наведените податоци се преземени од [9]).
Слика 7: Сопственост на капитал и резерви по држава во комерцијалните банки
Во своите трудови [2, 3], авторот Richard Werner дава јасна слика за процесот на креирање нови пари (издавање заем) од страна на комерцијалните банки што се базира на теориска подлога и на емпириски докази. Според емпириската анализа, комерцијалните банките идивидуално креираат пари од ништо..Истите емпириски резултати за македонската економија се потврдени и во докторскиот труд [11] изработен на Економскиот факултет во Скопје. Исто така, како што е дефинирано во Квантитативната теорија за кредит: доколку кредитот (заемот) се користи за продуктивни инвестиции за производство на стоки и услуги, тогаш тоа кредитирање е одржливо и не предизвикува инфлација; доколку се кредитира за непродуктивна потрошувачка и непродуктивно кредитирање за средства (имот или берзански акции), тогаш се предизвикува инфлација.Во продолжение, следува анализа на инфлацијата и нејзините последици.
Во оваа анализа ќе ја користиме мерката за монетарна инфлација како мерка за инфлација. Имено монетарната инфлација е процес на зголемување на количеството пари во економијата, што може да доведе до намалување на вредноста на парите и зголемување на општото ниво на цените на стоките и услугите. Овој феномен најчесто се случува кога одговорната монетарна власт печати или издава нови пари без соодветен економски раст што би ја апсорбирал таа нова понуда на пари. Според претходните графикони, може да се заклучи дека генерално креаторите на новите пари комерцијалните банки (со 86 %) и НБРМ (со 14 %), се одговорни за инфлацијата во Македонија.
Слика 8: Потрошувачка кошница (ноември 2004 - април 2024)
Според Слика 8, со зголемување на вкупното количество денари за околу 3 пати во периодот од ноември 2004 година до ноември 2014 година, и потрошувачката кошница се зголемила тројно (од 9.886 денари на 32.168 денари). Во периодот од ноември 2014 до април 2024 година, количеството денари се зголемило за околу 2 пати, следствено и потрошувачката кошница се зголемила двојно (од 32.168 денари на 60.212 денари).
Со инфлацијата се предизвикува трансферирање на богатството (вредноста) од средната и сиромашната класа граѓани кон богатиот слој во општеството. Со други зборови, богатите поединци не чуваат пари и своето богатство (вредност) го чуваат во имот, злато и други средства, додека средната класа и посиромашните граѓани штедат во фиат-валута (денари или евра), со што се оштетени и тековно им се намалува заштедата/богатството. Со инфлацијата се зголемува и разликата помеѓу различните класи во општеството што претставува рецепт за осиромашување на народот.
Сениораж потекнува од старофранцускиот збор „seigneuriage“(сениоријаж) што значи „право на господарот (сењор) да кова пари“ и ја претставува разликата помеѓу вредноста на парите и трошоците за нивно производство и дистрибуција (профит од креирање пари). Во денешната економија, сениоражот од различните типови на пари може да се дефинира како што е наведено во продолжение.
Сениоражот може да претставува извор на приходи за една влада. Со тоа ѝ се овозможува на владата зголемена куповна моќ на сметка на јавната куповна моќ, а метафорично кажано, инфлациски данок на јавноста. Во денешно време, сениоражот за владата и државата е намален затоа што повеќето пари во оптег се создадени од страна на приватните комерцијални компании - комерцијалните банки. Профитот што го имаат банките од сениоражот според трудот [1] во Велика Британија изнесува околу 73 отсто од профитите на банките на годишно ниво. Во Велика Британија банкарските депозити се 97 отсто од вкупниот број фунти, додека готовината изнесува 3 отсто. Во трудот, центално банкарските резерви ги исклучуваат од пресметката поради малата количина.
Доколку ја примениме истата формула за пресметка на сениоражот на комерцијалните банки во Македонија, профитот од сениораж (скриени субвенции) изнесувал околу 515 милиони евра за период од 15 години.
| Година | сениораж(денари) | сениораж(евра) |
|---|---|---|
| 2011 | 780 | 13 |
| 2012 | 604 | 10 |
| 2013 | 161 | 3 |
| 2014 | 322 | 5 |
| 2015 | 700 | 11 |
| 2016 | 958 | 16 |
| 2017 | 967 | 16 |
| 2018 | 1162 | 19 |
| 2019 | 1312 | 21 |
| 2020 | 1447 | 24 |
| 2021 | 1563 | 25 |
| 2022 | 2324 | 38 |
| 2023 | 5583 | 91 |
| 2024 | 6732 | 109 |
| 2025 | 7047 | 115 |
| Вкупно: | 31661 | 515 |
Табела 1 : Годишен сињораж (скриена субвенција) на комерцијалните банките во Македонијa - (износите се во милиони)
Деталната пресметка за сениоражот на комерцијалните банки во Македонија може да ја најдете на следниов линк
Се поставува прашањето, зошто банките се скришно субвенцинирани од страна на дражавата, која во исто време се задолжува на меѓународниот пазар, со тоа изложувајќи ги своите граѓани на натамошно плаќање на каматите?
Денарот е сопственост на македонскиот народ и на сите други народи што живеат во Република Македонија.
Доколку му се одземе правото на народот да ја креира својата валута, дотолку тој народ плаќа лихварска камата (100 % бидејќи се откажал од правото на свои пари + 100 % бидејќи треба да најде институција од којашто ќе позајми + 3 % камата на таа институција = 203 % камата ) [6]. Во следната Табела 2 е прикажана штетата што е предизвикана со префрлање на привилегијата за креирање пари од државата на комерцијалните банки во Македонија.
| Година | штета(денари) | штета(евра) |
|---|---|---|
| 2011 | 1610 | 26 |
| 2012 | 1244 | 20 |
| 2013 | 330 | 5 |
| 2014 | 659 | 11 |
| 2015 | 1419 | 23 |
| 2016 | 1943 | 32 |
| 2017 | 1957 | 32 |
| 2018 | 2350 | 38 |
| 2019 | 2650 | 43 |
| 2020 | 2921 | 47 |
| 2021 | 3153 | 51 |
| 2022 | 4705 | 76 |
| 2023 | 11420 | 186 |
| 2024 | 13795 | 224 |
| 2025 | 14430 | 235 |
| Вкупно: | 64585 | 1050 |
Табела 2 : Годишно предизвикана штета на државата (износите се во милиони)
Во Табела 3, се прикажани профитите пред оданочување на комерцијалните банки во Македонија. И покрај огромните профити на комерцијалните банки во Македонија, државата скришно ги субвенционира преку дадената привилегија да креираат пари од ништo.
| Година | добивка(денари) | добивка(евра) |
|---|---|---|
| 2004 | 1433 | 23 |
| 2005 | 1952 | 32 |
| 2006 | 3092 | 50 |
| 2007 | 3934 | 64 |
| 2008 | 3881 | 63 |
| 2009 | 1725 | 28 |
| 2010 | 2340 | 38 |
| 2011 | 1218 | 20 |
| 2012 | 1504 | 24 |
| 2013 | 2350 | 38 |
| 2014 | 3557 | 58 |
| 2015 | 5184 | 84 |
| 2016 | 7048 | 115 |
| 2017 | 7326 | 119 |
| 2018 | 9341 | 152 |
| 2019 | 7514 | 122 |
| 2020 | 7925 | 129 |
| 2021 | 10035 | 163 |
| 2022 | 10499 | 171 |
| 2023 | 15783 | 257 |
| 2024 | 19776 | 322 |
| 2025 | 4502 | 73 |
| Вкупно: | 131919 | 2145 |
Табела 3 : Годишна добивка на банките пред оданочување (износите се во милиони)
Моменталната економска и општествена ситуација во Република Македонија е последица на системскиот недостаток во банкарскиот систем. Со тековниот систем базиран на пари, креирани од долгот и приватизирниот денар од страна на приватните комерцијални банки, може да се очекува загарантирана сиромаштија, нерамномерна распределба, националниот долг ќе продолжи да расте, а моќта на банките и нивниот профит дополнително ќе се зголемуваат; исто како и сега, тие ќе имаат контрола над политиките во рамките на државата.
И понатаму, ќе продолжи редистрибуцијата на богатството (вредноста) од сиромашните кон богатите, од провинцијата во градот Скопје, од Република Македонија во развиените земји. Со мометалниот систем, или вие одите во долг или вашите најблиски одат во долг, вашиот бизнис оди во долг, државата оди во долг..., така што некој секако мора да загуби. Ова е парадоксот на долговната замка [4]. Некој мора да го држи долгот или нема пари.
Со приватизацијата на денарот делумно е одземен еден од потенцијалните финансиски извори на државата - инфлациониот данок. Како последица на тоа, државата мора да се задолжува за да ги намири своите обврски. Со ова, државата е ставена во незавидна положба изложувајќи ги своите граѓани на плаќање камати преку даноците за кредити што немало потреба да ги земе. Токму на овој начин се врши модерна колонизација преку банкарскиот систем, сè со цел експлоатација на населението и државните ресурси.
За излез од тековната ситуација, пожелно е секој поединец во Македонија да се едуцира во однос на функционирањето на тековниот банкарски систем и парите во државата и да се проба да се врати денарот во сопственост на македонскиот народ и на сите наши сограѓани (без каматен денар). Во спротивно, нормално има друга алтернатива, децентрализираниот интернет финансиски систем.
*Напомена: Ова е работна верзија на научниот труд Долгова Стапица